Ако сакате да го забрзате растот на косата, најдобро место за почеток е вашата исхрана.
Исхраната влијае на сите аспекти од нашиот живот, вклучувајќи го и растот на косата.
“Изреката дека сме тоа што јадеме не е шега. Урамнотежената, добро заокружена и хранлива исхрана е неопходна за здравјето и растот на косата”, велат фризерите.
- Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје е хибриден напад, можно е да има и комерцијален интерес
- Не останувајте солени по морето: Оваа грешка може да ја иритира кожата и да ја оштети косата
- Месечината во Девица носи пресврт: 3 знаци конечно ја оставаат тагата зад себе
- Европа крие незаборавни сцени: Тука зајдисонцето станува вистински спектакл
- Мароко ги протера новинарите од агенцијата ЕФЕ и шпанската ТВ кои известуваа за нелегалните мигранти
- Мицкоски не ја коментира изјавата на Вучиќ за црквата
- (Видео) Ангелов: Внимавајте да не предизвикате пожар, доволна е искра за вистинска катастрофа
- Земјотрес попладнево во Македонија
Ако сакате да го забрзате растот на косата, треба да ја збогатите вашата исхрана со протеини и аминокиселини како што се Л-цистеин и Л-лизин.
„Добро балансирана исхрана за здравјето на косата треба да вклучува витамин Д, витамин Ц, фолна киселина (витамин Б12), рибофлавин (витамин Б2), биотин, железо, цинк, селен, антиоксиданси и омега-3 и омега-6 масни киселини и доволно макронутриенти како протеини и здрави масти“, истакна таа.
Целта е да не се претерува. Иако витаминот А помага за здравјето на косата, премногу од него може да има спротивен ефект. Исто така, премногу различни витамини и минерали може да имаат негативни системски ефекти. Затоа, јадете ја храната наведена подолу умерено. Најдобра храна за раст на косата:
посно месо
грав
спанаќ
авокадо
јаткасти плодови и семиња
лосос
јајца
житарици
агруми
јагоди
пиперка
супа од коски



