петок, 27 ноември 2026
Најново

Дојави за бомби во училиштата низ Бугарија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дојави за бомби денеска призтигнаа во училиштата низ Бугарија. Во 10:30 часот на телефон 112 е добиена информација за поставена експлозивна направа во средното туристичко училиште во Русе.

Изнесени се сите ученици од двете згради на образовната установа, кои се наоѓаат во различни квартови во градот. Полицијата го чува просторот на училиштето и базата за обука.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Нешто пред 13 часот, дојава за бомба е добиена и на Колеџот за компјутерски науки „Минко Балкански“ во Стара Загора. Дојавата е примена по е-пошта. Веднаш следеше одговор и увид во училиштето. Немаше евакуација на ученици, образовниот процес не запре.

Пријави за поставени експлозивни направи се примени и во училиштата во Софија и Бургас и Шумен, објавија БНР и БТА

Поврзани вести