Ги научивме младите да НЕ учат!
Ги оставивме да НЕ разберат зошто треба да учат, дури и кога материјата не е интересна и применлива на прва.
Сега, тие се задоволуваат со идејата за совладување 2-3 вештини, од потесна област, со фокус на брзо вработување.
Ги сведовме на ниво на делчиња во запчаник, наместо да ги учиме како да бидат креатори на системот, кој го инкорпорира запчаникот.
- Утре без вода делови од Општина Центар
- Tрамп со брутална порака до Иран: „Она што го користевме досега беа ‘кикирики’ – Иран да крене бело знаменце“
- Вучиќ за израелската фабрика за дронови: Оние кои не можат да купат дронови од Израел, ќе можат да купат од Србија
- Стоилковиќ на средба со Колумбиа за продлабочување на соработката за поддршка на општините
- Клековски: Досега 35 потврдени случаи на западнонилска треска, три смртни случаи
- Ноќна акција на МВР низ цела Македонија: 63 санкции за возење под дејство на алкохол
- Нов скок на горивата – бензините за 4,5 денари, дизелот за 6,5 денари
- Познатите личности се збогуваат со актерката Хајден Панетиер: „Те сакам, не си оди“
- На овие два хороскопски знака ги очекува непријатно изненадување на почетокот на неделата
Задоволни се кога наместо книга, ќе добијат скрипта од 100тина страници.
Не бараат повеќе.
Не сакаат повеќе.
Уште подобро, ако се неколку алатки за учење, објаснети со видео.
Ич да не мора да се чита?!
Ок, ајде да речеме дека ни фалат делчиња во запчаникот.
Ама ако тераме натаму, кој ќе ја гледа големата слика?
Кој ќе ја создава визијата за идното општество, подобро од сегашното?
Кој ќе ги решава суштинските проблеми, од кои зависи и постоењето на запчаникот, па и неговите делчиња?
Учењето не е задолжително игра, не е секогаш забавно, може, но не мора да биде.
Учењето е стратешки ресурс, кој бара дисциплина, свесна посветеност, намера, истрајност, внатрешна мотивација, време и труд!
Учењето подразбира мислење, а за да можеш да мислиш, треба пред се’ читање, книги, цели, заедно со помалку интересните делови, од најразлични области.
Прво читање, потоа другите методи!
Инста постери, едноминутни видевца, скриптички и сет од алатки, не се доволни за мислечки индивидуи – идни градители на општества!
Пронајдете не на следниве мрежи:



