Хрватскиот министер за надворешни работи се извини што пред камерите ја бакна својата германска колешка.
Шефот на хрватската дипломатија предизвика контроверзии на состанокот на министрите на ЕУ во четвртокот во Берлин. Министрите се фотографираа, камерите снимаа, а последна им се придружи германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок . Таа застана до Горан Грлиќ-Радман , кој прво ѝ ја подаде раката, а потоа ја бакна.
- Постигнат е договор во еврозоната: Пабло Ернандез де Кос ќе ја преземе функцијата претседател на Европската централна банка во февруари
- Одреден 30-дневен притвор за Драган Вучиќевиќ: Главниот уредник на „Информер“ осомничен за предизвикување паника и попречување на правдата
- Трамп: Го замолив Путин да ја повлече целата воена агресија во Европа
- Тошковски: Жал ми е што држава членка на ЕУ стана заштитник на криминалци, тоа говори за нив не за нас
- (Видео) Снегот нема да ги изненади екипите на Град Скопје: Подготвени 18 возила, обезбедени големи резерви на сол
Камерите го овековечија неговото наведнување кон Бербокова и бакнежот, а на германската министерка како да и беше малку непријатно и не возврати.
Грлиќ-Радман е критикуван во некои хрватски медиуми, а активистката за правата на жените Рада Бориќ го опиша инцидентот како „многу непримерен“.
Министерот Грлиќ-Радман овој момент го нарече „топол, човечки пристап кон колешката“. Но, тој призна дека „моментот можеби бил незгоден“ и се извини на секој што го сфатил неговиот потег како навредлив. Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок засега не го коментира видеото.






