Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска во Пекинг, по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави дека разговорот поминал добро и оти Си навестил оти следната година ќе се обиде да дојде во Србија.
„Ова е голема работа за нас, за нашата земја и за сите наши граѓани. Потврдивме заемно партнерство, поддршка, пријателство на политички и економски план“, изјави Брнабиќ.
- Цената на златото падна под 2.900 долари, за среброто се предвидува нов раст
- Која задача ќе ја извршува новиот пратеник за ЕУ, „министер шетач“, а не можат да ја извршат амбасадорот и домашните институции – прашува Бујар Османи
- Грција масовно ги одбива шенгенските визи за Русите
- Бугарин по расправија ја полил сопругата со бензин и ја запалил, па ја гасел со вода
- По хиперхлорирањето, во водата во Гостивар се појавила нова бактерија и затоа сè уште не може да се користи за пиење, рече Мицкоски
- Уапсени петмина педофили во Србија: Се претставувале како девојчиња за да изнудуваат експлицитни снимки од деца
- Собранието ги усвои законите за нов заем од 25 милиони евра од Светска банка
- Љутков: СДС може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција
- Фокус: Возила на бугарската амбасада биле оштетени во сообраќајни незгоди, дали амбасадорот Радуков бил зад воланот?!
Во политичка смисла, како што наведе таа, Кина никогаш нема да го промени ставот за прашањето за Косово и Метохија.
Брнабиќ истакна дека Србија целосно ја почитува политиката на една Кина, која нема да се промени.
Што се однесува до економските односи меѓу Србија и Кина, таа рече дека се многу добри и се подобруваат.
„Секако дека очекувам нова ера на односите и меѓусебни размени во трговијата по потпишувањето на Договорот за слободна трговија“, рече Брнабиќ.
Премиерката истакна дека иднината на Железара Смедерево е сосема безбедна и дека сопственикот на компанијата, кинеската групација ХБИС, има јасни планови за дополнителни инвестиции.
Како што рече, следниот фокус на вториот круг инвестиции во Железара Смедерево се енергетската ефикасност и зелената транзиција.
„Планираат и дел од Железарницата да работи на водород, што е идејата дека во следните неколку децении нема да има емисија на штетни гасови. Тоа се неверојатни работи“, рече премиерот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



