Колегите, поранешни и сегашни ученици на наставничката Татјана Стевановиќ, која на 3 мај 2023 година беше тешко повредена на работното место во ОУ „Владислав Рибникар“, покренаа иницијатива оваа храбра жена да добие национална пензија.
- Како работата може да предизвика еректилна дисфункција: Помладите мажи се исто така изложени на ризик
- На последниот ден од летото вее снег на Копаоник
- Времето утре – сончево со мала до умерена локална облачност
- Секс сцената на Орландо Блум со близнаците Руни и Кејт Мара предизвика реакции, тој рече: „Тоа е искрен момент“
- Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД за потенцијални инвестиции
- Потврдена цврстата основа на македонско-канадското партнерство: Муцунски оствари средба со Анита Ананд
- Месечината е во Водолија: 3 знаци имаат моќ да го променат светот
- Дали глобалните берзи се упатуваат кон „колапс“?
- Францускa акробатka и пркоси на висината, 400 метри над жица без безбедносен појас
На тој кобен ден, ученик ја застрела Татјана додека таа предавала. По повеќе од шест месеци, таа сè уште е во болница и оди дома само за време на викендите.
Како што пишуваат српските медиуми, наставничката се чувствува лошо, чека операција на колкот и поставување на вештачка нога.
-Таа се бори, а тоа е најважно. Таа е опкружена со пријатели, семејство и колеги и со голема поддршка од поранешните и сегашните ученици. Рацете и карлицата и’ беа тешко повредени. Таа е на терапија. Никој не знае до кога, ниту пак се дадени прогнози – изјави една нејзина блиска пријателка.
Татјана е тешко повредена во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, една од шесте ранети и за среќа преживеани од страшниот масакр во Врачар, во кој загинаа десет животи.
Татјана беше оперирана неколку пати во УКЦС. Првиот ден по приемот, таа имаше операција на стомакот, потоа на десната потколеница и на левата рака. Ѝ го спасувале животот, па колкот кој бил скршен од куршумот што ја погодил во стомакот, бил оставен „да се опорави“ подоцна, кога била стабилизирана.
Пронајдете не на следниве мрежи:



