Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ на прес-конференција соопшти дека го разрешил министерот за одбрана Марио Баножиќ кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина возач на комбе, но останува прашањето со колку години затвор се соочува.
Согласно Кривичниот законик, со затвор од 3 до 15 години затвор се казнува учесник во сообраќајот на патиштата кој со прекршување на прописите за безбедност во сообраќајот ќе предизвика опасност по животот или телото на луѓето или имотот од поголеми размери, а поради тоа ќе предизвика смрт на едно или повеќе лица, пишува хрватски „Индекс“.
- Дневен хороскоп за среда, 22 април: Бикот ќе добие финансиска инфузија, Ракот љубов на работа
- Невиноста му ја одзела дадилката кога бил момче: Делел кревет со љубовницата и нејзиниот сопруг, со 6 жени има осум деца
- „МОЈОТ СИН Е ЖИВ И ДАДЕН НА НЕКОГО!“ Трогателната исповед на Драгица од Ваљево, која 40 години го бара своето дете: „Нека е жив, но нека знае дека има сестри и семејство“
- Левица: Македонците се во долгови до гуша само за да се прехранат
- Денес грам злато чини 130 евра
- Со искази на сведоци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
- Шукова: Со години укажуваме дека институциите треба да се зајакнат
- Владина делегација во посета на Австрија
- Рама: Албанците во Северна Македонија се државотворен народ
-За невнимание се заканува казна од една до осум години, но според она што досега го знаеме, а тоа е дека Баножиќ намерно претекнувал при лоши временски услови и намалена видливост, што тешко дека може да се оквалификува како невнимание, се додава во текстот на хрватскиот медиум.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му изразил сочувство на семејството на загинатиот возач на комбето, Горан Шариќ.
„Ги слушнавте околностите на несреќата и изразуваме жалење и загриженост за состојбата на министерот кој беше хоспитализиран со тешки повреди“, додал Пленковиќ.
Баножиќ утрово предизвикал сообраќајна несреќа во која загина едно лице, потврдило тамошното Обвинителство. Познато е дека тој се упатил на лов кога се случила несреќата.
Несреќата се случила во 6 часот и 15 минути, на излезот од Винковци во правец кон Жупања. Баножиќ бил примен во болницата во Винковци во 8:30 часот, а потоа бил префрлен во КБЦ Осијек.
Од болницата известиле дека министерот е на интензивна нега, дека има повреди на мозокот, градниот кош и екстремитетите, но дека животот не му е во опасност. Лекарите велат дека не се сеќава на несреќата.
Пронајдете не на следниве мрежи:



