Албанскиот премиер Еди Рама продолжува да дава појаснувања за италијанските медиуми околу прашањето за имигрантите кои од Италија ќе бидат трансферирани во прифатни центри во неговата земја.
Во интервју за „Кориере дела сера“ одговора на критичките гласини дека меѓу бегалците може да има и терористи.
- Тошковски: Жал ми е што држава членка на ЕУ стана заштитник на криминалци, тоа говори за нив не за нас
- (Видео) Снегот нема да ги изненади екипите на Град Скопје: Подготвени 18 возила, обезбедени големи резерви на сол
- Израел најавува опасни потези: Сакаат 70 проценти од Газа да биде зона без жители и домови, најавуваат ликвидации
- Дали сте спремни за новата Гога Секулиќ? Пејачката ослабе неверојатни 27 кг, објавата во долна облека ги „запали“ мрежите (ФОТО)
- УЈП предаде возило со пристапна рампа за лица со попреченост за потребите на Клиничкиот центар
- Иран го нападна Кувајт, двајца Италијанци беа убиени: Делови од соборени беспилотни летала паднаа за време на нападот врз клучната инфраструктура – бројот на повредени
- Маск го удвојува своето ветување: Секое дете во САД ќе добие две акции од SpaceX
- Ѓорѓиевски: Снегот нема да нѐ изненади, механизацијата е на терен и имаме резерви на сол
- Истражувач предупредува: Ова би можело да биде последниот Ден на благодарноста, вештачката интелигенција може да предизвика катастрофални последици
– За да се гарантира максимална безбедност, вели тој, имигрантите ќе поминат низ филтерот на безбедносните агенции на двете земји. – Нема причина да се плашиме. Едноставно мораме да имаме волја и грижа да ја исполниме оваа заложба со почитување на човечкото достоинство и правилата утврдени за функционирање на оваа заедничка операција, кои вклучуваат и контрола од безбедносните агенции на двете земји, појасни Рама.
Додека Европа се соочува со огромен бран имигранти, шефот на албанската Влада посочува дека немало слично барање од други земји од ЕУ, но и доколку имало, гарантира дека одговорот секогаш ќе бил негативен.
– Не сме контактирани и нема да бидеме отворени за никакви барања, исто како што не бевме отворени за слични барања пред да пристигне барањето од Италија. Во Рим не можевме да кажеме „не“ бидејќи имаме долг на благодарност што никогаш нема да можеме да го вратиме и никогаш не смееме да го заборавиме, потанцира премиерот на Албанија.
Според него благодарноста кон Италија е за прифаќањето на илјадници албански граѓани по падот на тоталитарниот режим, кога земјата ја зафати масовен егзодус.
Спогодбата потпишана меѓу двајцата премиери Рама и Џорџа Мелони се очекува да помине на ратификација во албанскиот парламент, а потоа да почне да се применува од пролетта 2024 година.
Ќе профункционираат два прифатни центри каде месечно ќе бидат сместување по три илјади, а годишно 36 илјади мигранти, за што сите трошоци ќе ги сноси италијанската страна.






