Ќе ја доживее ли и Албанија македонската судбина.
Грција ја постави првата блокада на евроинтегративниот пат на Тирана, откако не се согласи со писмото на 27-те земји членки на Унијата за отворање на првите поглавја со Албанија и пристап до европските фондови, а грчкиот весник Катимерини пишува дека оваа одлука Грција ќе ја преслика на декемврискиот самит на Унијата.
- Како работата може да предизвика еректилна дисфункција: Помладите мажи се исто така изложени на ризик
- На последниот ден од летото вее снег на Копаоник
- Времето утре – сончево со мала до умерена локална облачност
- Секс сцената на Орландо Блум со близнаците Руни и Кејт Мара предизвика реакции, тој рече: „Тоа е искрен момент“
- Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД за потенцијални инвестиции
Ваквиот потег е испровоциран откако Албанија го приведе градоначалникот на Химара, Фреди Белери, кој е етнички Грк, а Атина шест месеци обвинува за прекршување на неговите права.
Шансите Тирана да ја доживее македонската судбина се реални, вели политичкиот аналитичар Муслиу, но ваков чекор сериозно ќе влијае на кредибилитетот на Европската унија кој и онака е разнишан од пречките со кои и досега се соочуваат балканските држави.
Случајот го нотираше и Европската комисија во последниот извештај како сериозен проблем кој ги комплицира грчко-албанските односи.
Според грчкиот весник Катимерини, Атина може да го преиспита својот став за вето, само доколку Тирана преземе чекори со кои ќе покаже дека има простор за дискусија.
Белери беше уапсен два дена пред локалните избори, што во Албанија се одржаа на 14 мај, по сомнение за „изборна корупција”.
Иако притворен, тој беше реизбран за градоначалник на приморското гратче Химара, главно населено со припадници на грчкото малцинство.
Атина на повеќе нивоа досега побара на Белери да му се даде можност да положи заклетва како градоначалник на Химара, што досега беше одбивано од албанските судови.
Со оглед на бугарското вето кон земјава и ваквиот развој на настаните може повторно да ги остави Македонија и Албанија во европската чекална, со оглед дека двете земји кои истовремено го стартуваа скрининг процесот важат за држави кои во пакет треба да ги стартуваат преговорите.
Пронајдете не на следниве мрежи:



