ЗИМА СО ДУПЛА ВОЈНА ИЛИ ВРАЌАЊЕ ВО 1973-ТА? Европа се спрема за најлошото можно сценарио!

Европа се надева дека ќе ја избегне драмата од минатата зима кога цените на нафтата, струјата и енергенсите нагло скокнаа. „Оваа година ЕУ е подобро подготвена – но сега втората војна, исто така, се заканува да ги расипе нејзините енергетски пазари“, пишува бриселски Политико во написот насловен „Европа се спрема за зима со две војни“.

Цените оваа зима можат да ескалираат поради фактот што војната меѓу Израел и Хамас може да ги наруши односите меѓу Европа и Блискиот Исток. Исто така, Иран би можел да биде вовлечен во војната. „Кое било од тие сценарија може да предизвика хаос“, се вели во статијата.

Кобната 1973-та
Уште повеќе, пазарот досега го избегна кобното сценарио од 1973 година. Тогаш Јомкипурската војна меѓу Израел и соседните арапски држави направи ембарго на нафта на арапските сојузници кон земјите кои се сојузници на Израел.

Тогаш ембаргото го предводеше Саудиска Арабија. Педесет години подоцна Обединетите Арапски Емирати и Бахреин го признаа Израел со Абрахамскиот договор од 2020 година, а Саудиска Арабија преговара за истото.

Старите пријатели и новите непријатели
Челниците на ЕУ прават сè за да спречат вакво сценарио. Кадри Симсон, еврокомесарката за енергетика вели дека претставници на Унијата се сретнале со „старите пријатели како Норвешка, така и со новите партнери како Алжир и Нигерија, за да ги надминат сите потенцијални нарушувања.

– По разоткривањето на кризата во Газа, ние сме соочени со два конфликти во европското соседство. Источниот Медитеран е важен театар за европската енергетска безбедност, бидејќи енергетската транзиција на Европа сè уште е заплеткана во геополитички неизвесности – рече Симсон.

Според неа ЕУ е подготвена за предизвикот. Засега, борбите во Газа и во северот на Израел само минимално ги потресоа нафтените пазари. Но, клучниот репер на суровата нафта Брент се намали за 4,2 отсто оваа недела на околу 81 долар за барел.

Затоа, трговците се обложуваат дека сè додека конфликтот не се прошири, испораките на нафта ќе останат повеќе или помалку стабилни, рече Виктор Катона, водечки аналитичар за сурова нафта во енергетската разузнавачка компанија Кеплер.

Спиралата Кина-Иран-Ормуски теснец
Ризикот повеќе произлегува од Иран, рече тој. Во најлош случај, проширувањето на конфликтот може да предизвика Иран да го прекине транспортот од арапските земји од Персискиот залив преку Ормускиот Теснец. Иранската сурова нафта, иако е санкционирана од Западот, се извезува во големи количини во Кина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.