Невреме пропратено со силен дожд го зафати Рожаје, кое започна вчера во попладневните часови и траеше во текот на ноќта, поради што Ибар и речиси сите негови притоки се излеаа од коритата. Силниот дожд предизвика поплави и во Тиват, каде што беше поплавена зградата на Итната помош, а водата го опколи и основното училиште „Марко Миљанов“ во Бијело Поље, што ја скрати наставата на 30 минути.
- Грција масовно ги одбива шенгенските визи за Русите
- Бугарин по расправија ја полил сопругата со бензин и ја запалил, па ја гасел со вода
- По хиперхлорирањето, во водата во Гостивар се појавила нова бактерија и затоа сè уште не може да се користи за пиење, рече Мицкоски
- Уапсени петмина педофили во Србија: Се претставувале како девојчиња за да изнудуваат експлицитни снимки од деца
- Собранието ги усвои законите за нов заем од 25 милиони евра од Светска банка
Според првите проценки, поплавите предизвикале големи материјални штети на објекти и инфраструктура. Особено е критично во сливот на Жупаница. Во Бијело Поље утрово е евакуирана и една жена.
Патот кон Горња Ловница и Ќосовица претпладне е затворен. Ловничка река создаде брана на мостот кон Кучанска џамија и ги поплави околните куќи, а неколку улици беа затворени за сообраќај.
Пронајдете не на следниве мрежи:



