Министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез денеска изјави дека во областа Рогатица и на планината Маглиќ, во Република Српска, има воени кампови за обука на паравоени формации. Хелез за Радио Слободна Европа изјави дека поседува и фотографии, пренесе Бета.
- Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД за потенцијални инвестиции
- Потврдена цврстата основа на македонско-канадското партнерство: Муцунски оствари средба со Анита Ананд
- Месечината е во Водолија: 3 знаци имаат моќ да го променат светот
- Дали глобалните берзи се упатуваат кон „колапс“?
- Францускa акробатka и пркоси на висината, 400 метри над жица без безбедносен појас
-Не е тајна, луѓето ги гледаат селата околу Рогатица, луѓето фотографираат среде бел ден дека таму има вежба. Имам фотографии, ќе ги покажам на телевизија, рече тој.
Хелез синоќа на телевизија Н1 ги презентираше првите информации за наводно постоење кампови за обука на паравоени формации во РС, наведувајќи дека станува збор „за некои млади и некои луѓе од Русија“, не сакајќи да каже од кого ја добил информацијата .
На тврдењата на Хелез реагираше министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ кој остро ја осуди и отфрли изјавата на министерот за одбрана на БиХ за постоење на руски воени кампови во РС, кои работат под закрила на МВР на РС.
Пронајдете не на следниве мрежи:



