Бугарско МВР: Немаме информации дека Љупчо Палевски се наоѓа на бугарска територија

Љупчо Палевски – Палчо осомничениот организатор и извршител на двојното убиство, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, не е во Бугарија, соопшти за „Слободен печат“ денеска бугарското Министерство за внатрешни работи.

Информацијата дека Палевски е во Бугарија, ја соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференцијата заедно со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

Црвена Младина: Конкурсот за прием во студентските домови е скандалозен, без бодување и јасна методологија
Конкурсот за прием во студентските домови е скандалозен, без бодување и јасна методологија, реагираат од Црвена Младина. – Во текот на вчерашниот ден Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот …
Албански државјанин приведен кај месноста „Клобочишки пат“
На 06.09.2024 година во 11.40 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен премин „Блато“, кај месноста „Клобочишки пат – Табла“ во близина на Дебар, го приведоа Б.Х. (24) од Пешкопеја-Република Албанија, кој …

Спасовски нагласи дека осомничениот Палевски по убиството на Вања, со автомобил заедно со својот адвокат тргнал до Белград, од каде следниот ден заминал во Бугарија.

-Нема информации дека по ова лице се трага во Бугарија или дека се бара со меѓународна потерница. Во моментов нема информации дека се наоѓа на бугарска територија, соопшти бугарското МВР за „Слободен печат“.

Министерот Спасовски истакна дека МВР ќе стори се за да го пронајде и изведе пред лицето на правдата, како што рече, „монструм“, кој кривичното дело го извршил од користољубие.

-Можам да ветам дека ќе сторам се, и јас и институцијата ова лице или ако сакате подобро овој монструм, на кјој му ја следиме трагата час поскоро, штом стапне на наше тло, да биде изведен пред лицето на правдата.

На страницата на Интерпол до овој момент се уште не е издадена меѓународна црвена потерница по Љупчо Палевски, како барано лице за двојно убиство во Македонија.

Бидејќи случајот е во предистрага се уште не може да се издаде меѓународна потерница по осомниченото лице, нагласи обвинителот Гаврил Бубевски и додаде дека за убиствата обвинителството ќе побара максимална казна, а тоа во нашата држава е доживотен затвор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.