Роналдо ќе одмора против Барселона

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо ќе го одмора својот најдобар играч Кристијано Роналдо на дербито со Барселона.

Двата најголеми шпански тима, во сабота во Мадрид ќе го одиграат 225-то „Ел Класико“, а со оглед на тоа дека натпреварот нема некое големо значење, Мурињо покрај Роналдо ќе им даде одмор на уште неколку фудбалери. Покрај Роналдо, одмор ќе добијат централните дефанзивци Рафаел Варан и Серхио Рамос, а не е исклучено мечот од клупата да го започне и Чаби Алонсо. Потегот на Мурињо е очекуван, бидејќи Реал во вторник, на 5.март го очекува реванш натпреварот против Манчестер Јунајтед, во осмина финалето во Лигата на шампиони. Инаку, шпанските медиуми не ја исклучуваат можноста Роналдо, како и претходниот викенд во игра да влезе во второто полувреме, но тоа ќе зависи од резултатот кој во тој момент ќе биде важечки. Португалецот во вторникот одигра брилијантен натпревар против Барселона во Купот на Кралот, каде со два гола даде целосен придонес во победата на Реал од 3:1.
Макфакс
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо ќе го одмора својот најдобар играч Кристијано Роналдо на

Пронајдете не на следниве мрежи: