Негативни проекции: Македонија во 2070 ќе има 1,2 милиони жители?

Проекциите на Државниот завод за статистика се под претпоставка во земјата и регионот нема да има војни, ќе има нормална и стабилна внатрешнополитичка состојба и дека во првата половина на 2030-тите ќе се заврши процесот на асоцијација во ЕУ

Со сегашното ниво на фертилитет од 1.832.000 на крајот на 2022 година населението во Северна Македонија до 2050 година ќе се намали на 1,3 милиони жители, а до 2070 година на 1,21 милиони жители. Ова го покажуваат дел од проекциите на Државниот завод за статистика за намалување на вкупното население.

Силен земјотрес утринава ги стресе скопјани
Земјотрес со јачина до 3.8 степени според европската сеизмичка скала рано изутринава во 02.02 часот го погоди Скопје. Според Европската сеизмичка опсерваторија, земјотресот бил со епицентар во близина на нас.Илинден на …
Серија земјотреси го погодија денеска грчкиот полуостров Халкидики – најсилниот беше 4,2 степени според Рихтеровата скала
Серија земјотреси денеска го погодија полуостровот Халкидики во Грција, од кои најсилниот беше 4,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на тој земјотрес бил на 19 километри од Неа Рода, покажуваат податоците …

Државниот завод за статистика изготви седум проекции и единствено во проекцијата со висок фертилитет е можно намалување на населението од од 1,8 на 1,4 милиони односно намалувањето на населението не би било континуирано.

„Под претпоставка на остварување на релативно брзо зголемување на фертилитетот, кој почнувајќи од 2034 година би се стабилизирал на 2,03 деца по жена, би можело да дојде до стопирање на процесот на намалување на населението, но дури после три децении, односно почнувајќи од 2064 година. Тоа укажува на комплексноста на демографската состојба во земјата, која најдобро се согледува преку ефектите од негативното миграциско салдо и многу интензивниот и напреднат процес на стареење на населението”, се вели во проекциите на ДЗС.

Проекциите се под претпоставка дека во земјата и регионот нема да има војни, ќе има нормална и стабилна внатрешнополитичка состојба, во првата половина на 2030-тите ќе се заврши процесот на асоцијација во ЕУ, ќе има економски развој и нема да има големи здравствени состојби.

Директорот на ДЗС Апостол Симовски, на денешната презентација посочи дека проекциите на населението претставуваат моделирање на демографската иднина, базирано на претпоставки за движењето на морталитетот, фертилитет и миграции во дефинираните период, без утврдување на веројатноста на нивното остварување.

„Проекциите се алатка на креаторите на политики што ќе им помогне во носење на соодветни мерки, нагласи Симовски.

Претседателот на државата Стево Пендаровски, на промоцијата рече дека позагрижувачки од негативни демографски трендови, е да немате свесност за проблемот.

„ДЗС врз основа на резултатите од Пописот 2021 изготви проекција според која населението до 2030 би се намалило на 1,3 милиони. Од трите клучни елементи, стапката на фертилит, морталитет и миграција, најзагрижичувачки е третиот. Барем засега, кај нас најзагрижувачки е стапката на иселување, а не стапката на фертилитет”, изјави Пендаровски.

Според многумина, најголема причина за иселувањето е корупцијата, рече Пендаровски, посочувајќи дека се повеќе луѓе се иселуваат не поради ниската плата, туку поради квалитетот на животот.

„Целта на преокциите не е да не турне во апатија, туку да не освести, нагласи претседателот на Северна Македонија.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на промоцијата на проекциите за населението до 2070 година порача да не ги следиме демографските случувања згрчени, исплашени и во шок, туку во нив да гледаме можност за креирање на поголема инклузивност и негување на човечкиот капитал. Тој како најзагрижувачки податок од Пописот во 2020 година го истакна делот за младите и јасниот тренд за нивно заминување во изминатите 20 години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.