Го видовте ли Мицкоски да го осуди веењето на знамиња на “голема Албанија” и изјавите дека Македонија ќе биде трета албанска држава? – прашува во вчерашното гостување во Тешки муабети пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски.
– Биљал Касами е оној што е најголемиот партнер на Христијан Мицкоски, оној што вее знамиња (на голема Албанија). Разликата е тоа, кога беше со СДСМ имаше друг вординг, за други врености се залагаше, сега како градоначалник на Тетово вади карти, знамиња на “голема Албанија”. И само СДСМ го осуди таквото однесување. Јас не слушнав, не знам дали слушнавте Мицкоски или некој од ВМРО-ДПМНЕ го осуди.
Тие правеа се за да ја срушат Теута Арифи и да го устоличат Биљал Касами, што е нормално, политичка партија се, нема лутиш, но остани доблесе. Па сега водовод, вода немаат за пиење тетовци, ќе прават филмови со “голема Албанија”, со крстот на Шапка, на црковен имот.
Го има некаде Мицкоски да осуди што Касами кажа дека Македонија ќе биде трета албанска држава? А Димитар Ковачевски, со отворањето на музејот во Сопот излезе со осуда, да бидеме коректни до крај, вели Костовски кој смета дека реториката од минатиот век треба да остане во минатиот век и да одиме напред.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.