Честит Божиќ до сите верници кои христовото раѓање го слават според грегоријанскот календар.
Нека овој Божиќ ви донесе добро здравје, среќа, хармонија во семејството и сила за справување и надминување на сите идни предизвици.
И нека понатаму ве носи да постапувате во духот на советите на познатиот новелист Орен Арнолд преставени во форма на Предлози за божиќни подароци:
На твојот непријател, простување.
На противникот, толеранција.
На пријателот, твоето срце.
На клиентот, услуга.
Кон сите, милостивост.
За секое дете, добар пример.
За себе, почит.
Среќен Божиќ!
Пронајдете не на следниве мрежи:



