Банките апелираат до граѓаните да не отвoраат сомнителни СМС пораки и да не споделуваат податоци од платежните картички

Банките апелираат до граѓаните да внимаваат на обиди за злоупотреби на нивните картички. Во известувањата од банките се апелира граѓаните да не отвораат линкови од сомнителни СМС пораки и да не споделуваат податоци од картичките.

Апаcиев: Дафинчето „мало неpвозна“ кога ѝ се cпомнаа шеcте cтана – „Кажи му на твојот лидеp алкоxоличаp да не те с’ска„
Вистинска драма се случуваше на комисиската расправа за втор заменик диектор на Царина во македонското собрание. Откако лидерот на Левица, Димитар …
Курсна листа на НБРМ: Ова е денешната вредност на валутите
Според курсната листа на НБРМ средниот курс на еврото денеска изнесува 61.4925 денари, а на американскиот долар 55.1107 денари. Средниот курс …

Банките предупредуваат дека е забележана измамничка кампања зад која стои лажна веб-страница која се испраќа преку СМС и е-пошта пораки со цел злоупотреба на податоците од картичките.

– Заштитете ги Вашите платежни картички од можна злоупотреба и не кликајте на линк добиен преку СМС или е-пошта порака за наводна „погрешна адреса“ или „вратена пратка“. За да се заштитите од злоупотреба, воопшто не споделувајте податоци од картичката на сомнителни страни, стои во дел од соопштенијата од банките.

Оттаму укажуваат дека доколку граѓаните ги внеле податоците од нивната картичка, потребно е веднаш да се јават во контакт центарот на матичната банка за да се блокира картичката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.