Ковачевски: М-НАВ станала семејна фирма, цели фамилии се вработени во претпријатието

Немаше воопшто комична ситуација. Таа беше професионална. Гледав многу информации кога бев на состанок кај поглаварот на МПЦ. Имаше повеќе кандидати кои беа разгледувани, рече премиерот Димитар Ковачевски за назначувањето на новите директори на М-НАВ.

За двајцата предложени директори, вели дека е донесена добра одлука и дека имаат долгодишно искуство.

Приведено лице барано со потерница
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден бил приведен 30 годишник од Прилеп, баран со потерница. „На 28.09.2024 во 17.30 часот на плоштад „Методија Андонов …
Безалкохолното пиво станува се попопуларно, дури и на Октоберфест
Пивото без алкохол станува сè попопуларно во последниве години, бидејќи потрошувачката на пиво опаѓа. Тобијас Золо, главен производител на пиво на Вајхенстефан, најстарата пиварница во светот, има тајна: тој …

За М-НАВ треба посериозно да се позанимаваат, не само Владата, туку и Еуроконтрол, нивното финансирање е од таму. Треба да се интервенира. Таа е станата како семејна фирма, ако погледнете ќе видите дека до трето колено има вработени. Тие станале како семејство во кое што имаат конфликти кои обично се случуваат по дома. Треба да се испитаат начините на кои се прават конкурсите. Да не се случи некој кандидат да добива готови тестови, истакна премиерот.

За претходниот предлог Илир Мехмеди, премиерот рече дека ако се погледне неговото CV, ќе се види дека станува збор за искусен човек кој управувал со такви институции.

Бидејќи се случиле промени на Статутот пред четири години, во делот на М-НАВ и велат дека генерален директор мора да биде контролор, затоа се разгледуваа и други кандидати. По консултации со стручната фела, беше предложен нов кандидат со 25-годишно искуство, кажа Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.