Во Мостар се врши претрес на приватни факултети поради сомнение дека издавале фалсификувани дипломи

Припадници на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) вршат претрес во приватни високообразовни установи во областа на Мостар, поради сомнение дека издавале фалсификувани дипломи.

Мечка ги изненади жителите на село Петралица во Ранковце
Жителите на село Петралица, Ранковце, денеска забележаа мечка која шета по уличките низ селото.Како што велат жителите станува збор за невообичаена појава, …
Два хороскопски знаци кои секогаш се подготвени да помогнат
За некои луѓе помагањето доаѓа природно – тие се секогаш тука кога е најпотребно, без разлика дали се работи за мали секојдневни …

Акцијата „Кластер“ се спроведува по налог на Судот на Босна и Херцеговина, а од приватните факултети во Мостар се одземаат документи и сомнителни студентски досиеја, соопшти СИПА.

Привременото одземање на документација се врши поради постоење основи на сомнение дека се сторени кривични дела „Организиран криминал“, „Недозволена трговија“ и „Перење пари“, како и „Злоупотреба на положба или овластување“, „Фалсификување или уништување службена исправа“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.