Пред 32 година Бугарија прва ја призна независноста на Македонија

Пред 32 година, на 15 јануари 1992, во 20 часот, Бугарија прва ја призна Македонија како независна држава. Ова се случи откако на 8 септември 1991 година граѓаните на тогашната југословенска Република Македонија беа повикани да одлучуваат за прашањето „Дали поддржувате независна и суверена Македонија со право да се приклучи на иден сојуз на југословенски држави“.

Приведено лице барано со потерница
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден бил приведен 30 годишник од Прилеп, баран со потерница. „На 28.09.2024 …
Безалкохолното пиво станува се попопуларно, дури и на Октоберфест
Пивото без алкохол станува сè попопуларно во последниве години, бидејќи потрошувачката на пиво опаѓа. Тобијас Золо, главен производител на пиво на Вајхенстефан, …

На референдумот гласаа вкупно 71,85 отсто од запишаните избирачи, од кои мнозинството – над 90 отсто се изјаснија за создавање независна држава. На 18 септември 1991 година, Собранието на Република Македонија донесе официјална декларација со која ги признава резултатите од референдумот и ја прогласува независноста на државата.

Бугарија беше првата земја во светот што ја призна македонската независност. Тоа беше направено со декларација на Националното собрание на 15 јануари 1992 година.

Во историјата на македонската државотворност посебно место има гестот на признавањето на независноста од страна на Република Бугарија. Тој чин имаше многу сериознo политичкo значењe, но и голема доза на симболика. За Македонија, за регионот и за светот беше важно дека една соседна држава прва ја признава новата балканска реалност создадена со волјата на македонскиот народ изразена на референдумот од 8 септември 1991 година.

Истиот ден во 1992 година, неколку часа пред признавањето од Бугарија, Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот, Робер Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија.

По референдумот, водечките светски медиуми излегоа со оценка дека мнозинството гласачи се изјасниле за независност на Македонија и оти тоа ќе значи чекор поблиску до распад на Југославија.

Референдумското изјаснување во соседните земји не наишло на одобрување. Атина го оценува референдумот како скопска опасност за Грција. Бугарија најавува дека ќе ја признае државата, но не и нацијата, а Албанија го одобрила бојкотот на албанската етничка заедница во земјата.

Честитки до претседателот Глигоров меѓу првите упатил словенечкиот претседател Милан Кучан. САД го повториле својот став за политиката на македонскиот државен врв даден пред референдумот во кој изразиле задоволство од нејзиниот умерен пристап и духот на компромис што ги покажувала Македонија.

Уставното име на Македонија, САД го признаа за време на администрацијата на Џорџ Буш Помладиот на самиот почеток од неговиот втор претседателски мандат во 2004 година.

Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.