Маричиќ: Невидено нешто е да понудите министри, а да не ги гласате

„ВМРО-ДПМНЕ се несериозни. Веројатно уникатен случај во историјата на демократијата да понудите министри во некоја Влада, а да гласате воздржано за таа влада“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека ваквиот потег на ВМРО-ДПМНЕ е несериозен и дволичен и ја истакнува лицемерната политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Приведено лице барано со потерница
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден бил приведен 30 годишник од Прилеп, баран со потерница. „На 28.09.2024 во 17.30 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто” …
Безалкохолното пиво станува се попопуларно, дури и на Октоберфест
Пивото без алкохол станува сè попопуларно во последниве години, бидејќи потрошувачката на пиво опаѓа. Тобијас Золо, главен производител на пиво на Вајхенстефан, најстарата пиварница во светот, има тајна: тој навистина …

„Пред своите членови вели ние играме тврдо со сите други политички партии, а од друга страна влегуваат во тој процес“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ сака да стави дамка на изборите, бидејќи се плашат од нивните резултати.

„Секогаш кога ќе почувствуваат дека ќе ги изгубат изборите тие го прават тоа. Зашто ако сите анкети според нив или сите нивни анкети кажуваат дека се во голема предност зашто е тогаш проблем да ја составиме таа техничка Влада, да гласаат за неа како што гласаа пред 4 години и да излеземе на изборите секој со својот концепт“ рече Маричиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.