Американски нон-пејпер за Бугарите во Устав – Во Македонија доаѓа американски булдожер кој ќе ја урне и последната илузија дека Мицкоски ќе формира Влада

Христијан Мицкоски и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ си ги урнаа сите надежи за формирање на Влада по изборите на 8 мај во Македонија.

Имено сценариото за кое подолго време предупредувавме во своите анализи и во емисијата „Тешки Муабети“ полека, но сигурно во целост се остварува, а Мицкоски се соочува со речиси идентична ситуација во каква се најде партијата во 2016-та година, сценарио во кое не ВМРО-ДПМНЕ не може да формира Влада.

Во затворот К`шање се обеси притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш
Шеесет и седумгодишниот Д. Ѓ. од кумановското село Габреш, кој е осомничен за двојно убиството сестра си и внукот и обид за убиство на другиот внук, …
Нема да им дозволиме да создадат држава од која ќе можат да не нападнат уште посилно
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата Влада едногласно ја отфрлила Резолуцијата на Обединетите нации за поддршка на признавањето на палестинската …

Единствениот виновник за катастрофалната стратешка позиција во која се наоѓа партијата и нејзиниот неуспех да се факторизира на македонската политичка сцена и да го развие својот коалиционен капацитет е токму актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Имено албанскиот политички блок во Македонија е пред потпишување на нон-пејпер со кој ќе се гарантира дека ниту една албанска политичка партија во државата нема да коалицира со политичка партија од македонскиот блок која во рок од првите шест месеци од својот мандат Влада нема да го промени Уставот, со цел внесување на Бугарите во Преамбулата и отворање на европскиот пат на Македонија.

Според нашите информации токму овој нон-пејпер е причината за посетата на Македонија на заменик-државниот генерален секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О Брајан. Тој со себе ќе носи неколку нон-пејпери кои според наши информации албанскиот блок партии во Македонија се подготвени да ги парафираат, а клучно е внесување на Бугарите во Уставот.

Во интервју за емисијата 360 степени, помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, запрашан за уставните измени, истакна дека станува збор за конкретен компромис кој е потребен за да се стигне до целта за влез во ЕУ и дека е важно Македонија и соседите да наоѓаат начини за да се движат напред.

Во однос на ставот на Христијан Мицкоски, О’Брајан низ метафоричен, но крајно разбирлив пример објасни што мисли за неговото и за дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.

„Има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така“, изјави американскиот висок државен функционер.

Мицкоски не само што си ги урна шансите да направи коалиција со било која партија од албанскиот блок туку го девастираше коалициониот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ и во македонскиот блок влегувајќи во кавга со некогашни коалициони партнери и соработници како и потенцијални нови коалицони партнери. Мицкоски успеа да направи и внатрепартиска поделба со лажните обвинувања за екс-премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.