Пецаков дал општински пари на клуб чиј основач е самиот тој?
Нов скандал ги тресе општините, овојпат Општина Охрид, каде градоначалникот Кирил Пецаков доделил општински средства на ракометен клуб на кој самиот е основач.
- Мајкрософт засекогаш ја исклучува функцијата што сите ја користевмеМајкрософт потврди дека WMIC ќе биде целосно отстранет од Windows 11 26H2,… Read more: Мајкрософт засекогаш ја исклучува функцијата што сите ја користевме
- „ДУИ сама признава дека функционира како озлогласено политбиро“, велат од ВЛЕН„Во ДУИ веќе не можат да ја сокријат нервозата. Дури и луѓе… Read more: „ДУИ сама признава дека функционира како озлогласено политбиро“, велат од ВЛЕН
- Ferrari „Luce“ – електричниот модел од 40 милиони евра што предизвика бурни реакцииПрвиот целосно електричен Ferrari, кој годинава стана најконтроверзниот модел на италијанскиот производител… Read more: Ferrari „Luce“ – електричниот модел од 40 милиони евра што предизвика бурни реакции
- Путин не го очекуваше ова од Ердоган: Три турски напади одекнаа низ Москва – најлошите вести пристигнаа директно од АнкараВо последните денови, Турција направи неколку потези што предизвикаа сериозно незадоволство во… Read more: Путин не го очекуваше ова од Ердоган: Три турски напади одекнаа низ Москва – најлошите вести пристигнаа директно од Анкара
- 160 рударски проекти конкурираат за европска поддршка – Македонија има една голема инвестиција во бакаротЕвропа продолжува да го развива сопствениот минерален потенцијал, а интересот за нови… Read more: 160 рударски проекти конкурираат за европска поддршка – Македонија има една голема инвестиција во бакарот
ГРК Охрид е ракометен клуб кој добил од Општина Охрид 15 милиони и 600 илјади денари. Ништо не би било спорно и би кажале дека ова е поддршка за спортот, меѓутоа градоначалникот Пецаков е основач на ракометниот клуб. Пецаков практично си дал пари сам на себе.

Сопственик на 100% односно 250 акции со номинална вредност од 100 евра на Друштво за спортски дејности Градски ракометен клуб Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013 Охрид со ЕМБС 6723136.
Овластено лице, согласно јавно достапните податоци е Ристо Китевски.
Неизвршни членови се новинарот Горан Момироски, Виктор Мизо (екс прв човек на Дирекцијата за технолошко индустриските и развојни зони ДТИРЗ), Наум Бабачев, Славчо Ристески (десна рака на градоначалникот Пецаков, вработен во ЈП Охридски комуналец и директор во ГРК Охрид.

Согласно податоците од службен гласник од пред две недели, Пецаков и Општина Охрид префрлуваат пари на ГРК Охрид по две ставки.
15 000 000денари директна поддршка (страна 58)
600 000денари за меморијален турнир “Крсте Андоновски-Усташ” (страна 62)

Согласно македонското законодавство, спортските клубови се непрофитни здруженија, се финансираат од членарина, донации и слично. Од тие средства можат да поделат плати за вработени и да ги финансираат нивните активности, но тоа не значи дека нема можност да се направат малверзации. На пример, двојно повисоки плати за директори, вработени, па испумпување на парите преку нив.
Како и да е, во случајов Пецаков дава средства на клуб во кој самиот е основач, а во кој неформални членови се неколкумина истакнати личности кои претходно ги споменавме.
Бројките и доказите се јасни и јавно достапни и секој може да ги провери податоците кои ги објавивме.
Обвинителството има чист случај да истражи дали градоначалникот Пецаков ја злоупотребил својата службена положба и овластување? Ќе одговара ли Пецаков согласно членот 353 од Кривичниот законик бидејќи доделил средства на клуб кој самиот го основал? Дали е ова судир на интереси? Простор за реакција има и Државната комисија за спречување на корупција.
Дополнително, како неизвршен член се споменува и новинарот Горан Момировски, па логично се поставува уште едно прашање.
Дали медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ се финансираат на ваков начин, преку нелегално испумпани пари од општините?
ИЗВОР:ИНФОМАКС
Пронајдете не на следниве мрежи:



