45-годишна жена почина од грип, додека седум пациенти се во болнички кревети. Кај пет од нив е потврдена заразата, а за двајца се уште се чекаат резултати од клиничките испитувања.
Ваков е најновиот биланс на здравствените власти за оваа сезонска болест. Во меѓувреме, расте бројот на новозаразени.
- Делови од општините Карпош и Чучер Сандево денеска без водаОд ЈКП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат: · Поради поставување на регулатор… Read more: Делови од општините Карпош и Чучер Сандево денеска без вода
- „Ексон“ и „Шеврон“ ги откажале патувањата на раководителите во Абу Даби поради безбедносни ризициАмериканските нафтени гиганти „ЕксонМобил“ и „Шеврон“ ги откажале планираните патувања на свои високи раководители на енергетската конференција… Read more: „Ексон“ и „Шеврон“ ги откажале патувањата на раководителите во Абу Даби поради безбедносни ризици
- Без струја денеска делови од општините Гази Баба и Кисела ВодаОд ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска поради планирани технички активности без електрична енергија ќе останат следните… Read more: Без струја денеска делови од општините Гази Баба и Кисела Вода
- Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинатиВо местото Горице, во близина на Брчко во Босна и Херцеговина, денеска се урна воен хеликоптер на… Read more: Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинати
- АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НАПАДНАЛА ИРАНСКИ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ: Вашингтон тврди дека дејствувал во самоодбранаАмериканските вооружени сили извршиле напади врз ирански ракетни лансери во јужниот дел на Иран, објавува новинарот Барак… Read more: АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НАПАДНАЛА ИРАНСКИ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ: Вашингтон тврди дека дејствувал во самоодбрана
Доктор Стевановиќ од Клиниката за инфективни болести појаснува дека жената која починала имала и други здравствени проблеми, но и не била вакцинирана. Релативно младата почината жена е шестиот пациент во последните недели, кој влезе во „црните статистики“.
Пикот се уште не е достигнат и допрва ќе следи, предупредуваат епидемиолозите. Стручните лица од Комисијата за заразни болести денес се состанаа, но не донесоа никакви мерки туку само препораки.
Идната недела започнува второто полугодие и не треба да стравуваме од одложување, дециден е претседателот на Комисијата за заразни болести.
Во меѓувреме, извештаите на Институтот за јавно здравје информираат и за другите заразни болести присутни во моментов. Засега има само два случаи на голема кашлица.
Вакцината е клучна за најмалите – посебно за оние до две години. Ќе се прегледуваат и здравствените картони на децата. Невакцинираните ќе бидат повикани на вакцинација. Досега против сезонски грип се вакцнирани повеќе од 60.000 лица. Повеќе од 80% од децата се имунизирани против голема кашлица, објави Телма.
Пронајдете не на следниве мрежи:



