Утре среда градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ја промовира партијата чиј претседател ќе биде токму таа.
„Имаме чест да ве поканиме на конвенција за промоција на новиот претседател на политичката партија Нова Алтернатива Г-ѓа Данела Арсовска. Конвенцијата ќе се одржи утре 17.01.2024 (среда) во 18 часот“, стои во поканата до медиумите.
Неодамна Арсовска најави формирање на нова политичка партија, а главен адут за формирањето на партијата се актуелните полтички елити кои ги менуваат позициите, а во суштина во државата ништо не се менува.
- Делови од општините Карпош и Чучер Сандево денеска без водаОд ЈКП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат:… Read more: Делови од општините Карпош и Чучер Сандево денеска без вода
- „Ексон“ и „Шеврон“ ги откажале патувањата на раководителите во Абу Даби поради безбедносни ризициАмериканските нафтени гиганти „ЕксонМобил“ и „Шеврон“ ги откажале планираните патувања на свои… Read more: „Ексон“ и „Шеврон“ ги откажале патувањата на раководителите во Абу Даби поради безбедносни ризици
- Без струја денеска делови од општините Гази Баба и Кисела ВодаОд ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска поради планирани технички активности без… Read more: Без струја денеска делови од општините Гази Баба и Кисела Вода
- Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинатиВо местото Горице, во близина на Брчко во Босна и Херцеговина, денеска… Read more: Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинати
- АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НАПАДНАЛА ИРАНСКИ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ: Вашингтон тврди дека дејствувал во самоодбранаАмериканските вооружени сили извршиле напади врз ирански ракетни лансери во јужниот дел… Read more: АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НАПАДНАЛА ИРАНСКИ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ: Вашингтон тврди дека дејствувал во самоодбрана
-Toa значи дека сме во постапка да им покажеме на граѓаните дека може поинаку од овие изминати 30 години кога овие две политички елити само си ги менуваат позициите, а остануваат со истите ставови и едвај чекаат да ја зафатат фотелјата и да продолжуваат да го прават истото против кое претходно кажувале дека ќе се борат. Да им укажеме на нашите граѓани дека некој може да дојде и да работи поинаку. Се додека се прават работи за задоволување на индивидуалните потреби на некој од политичарите од оваа корумпирана политичка елита, нема да има напредок. Ако можам јас сама како индивидуалец да покажам дека може поинаку, верувам дека со сите луѓе кои ме поддржуваат, а голема е бројката на тие граѓани, ќе можам да покажам многу повеќе, кажа Арсовска во телевизиско интервју.
Пронајдете не на следниве мрежи:



