Едно парче мене, едно парче тебе, третото го снема, партијата го зема?
На креативноста за испумпување на пари од општините ѝ нема крај, а овојпат Општина Охрид ги надмина претходно поставените „граници“.

Јавното претпријатие „Охридски комуналец – Охрид“ набавило препарат на база на алги во вредност од 1.408.920 денари, или речиси 24.000 евра! Препаратот е набавен од Друштвото за производство, трговија и услуги ГАШО ПЛАСТ увоз-извоз Охрид ДООЕЛ, договорот е склучен на 11 декември 2023 година, а е потпишан од страна на директорот на јавното претпријатие Сашо Најдески и одговорното лице во Гашо Пласт, Дарко Гашиќ.

Инаку, интересно е што на веб-страната на јавни набавки нема многу набавки слични на оваа, односно никој освен Охридски комуналец не набавил ваков препарат за ваква цена. Исто така компанијата нема други достапни јавни набавки освен оваа која тежи речиси 24.000 евра.

Сомнително е што истото претпријатие во 2021 година набавило ваков препарат за 229.746 денари, што е за шест пати поевтино во споредба со последната набавка.
- Маѓар: Се уништуваат документи од владата во заминување на ОрбанПетер Маѓар, лидер на партијата Тиса која однесе убедлива победа на парламентарни избори… Read more: Маѓар: Се уништуваат документи од владата во заминување на Орбан
- Изјавата на Арагчи за отворањето на Ормускиот теснец е лоша и нецелосна, тврдат ирански медиумиИзјавата на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, дека по прекинот на… Read more: Изјавата на Арагчи за отворањето на Ормускиот теснец е лоша и нецелосна, тврдат ирански медиуми
- Трамп најави конечен договор за крај на војната со Иран овој викендАмериканскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека очекува овој викенд да биде постигнат конечен… Read more: Трамп најави конечен договор за крај на војната со Иран овој викенд
- Албанската дијаспора до 2025 година се проценува на 2,2 милиони лицаВо дијаспората живеат 2,2 милиони албански државјани, од нив над 1,1 милион се… Read more: Албанската дијаспора до 2025 година се проценува на 2,2 милиони лица
- Во анализите кај Стојанче пронајдени кокаин и дијазепам, на лицето кај Ивана имало и стари модрини!Сосема поинаква верзија на животните случувања кои доведоа до трагичната смрт на Ивана… Read more: Во анализите кај Стојанче пронајдени кокаин и дијазепам, на лицето кај Ивана имало и стари модрини!
Исто така, компанијата од која тогаш е набавен истиот препарат за шест пати пониска цена учествувала и на овој тендер, заедно со Гашо Пласт, па се поставува прашањето како и сега не била постигната пониска цена, како што била и во 2021 година?

И да го занемариме делот со астрономската цена на препарат на база на алги, каков што не набавила ниедна друга општина еден факт се уште е спорен.
Одговорното лице во компанијата Гашо Пласт е донатор на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и тоа со прилично голема сума, за што има и потврда во партиските документи кои се јавно достапни.

Како што можете да видите од документите погоре, Гашиќ донирал во ВМРО-ДПМНЕ 105.500 денари, што е околу 10% од вредноста на претходно споменатиот тендер.
Оттука легитимно се поставува прашањето најпрво како ваквиот препарат чини 24.000 евра. Дополнително, дали на овој начин со општински пари се финансира и партијата ВМРО-ДПМНЕ имајќи предвид дека нивниот донатор добил тендер од општинско претпријатие со кое раководи кадар на ВМРО-ДПМНЕ, во општина чиј што градоначалник Пецаков исто така е од истата партија.
Ќе се произнесе ли Државната комисија за спречување на корупција за овој случај и дали Обвиниелството покрај останатите скандали во Општина Охрид ќе го провери и овој?
Фрчат тендери, се трошат народни пари за алги и на крај едно парче мене, едно парче тебе, третото го снема, партијата го зема…?
извор: инфомакс
Пронајдете не на следниве мрежи:


