ДПМНЕ пак е фатено со рацете во медот.
Градоначалници на ДПМНЕ ги тресе афера со јавни набавки на машини по астрономски цени, неколкукратно повисоки од реалните.
- Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“, присвои територија на 12 земјиЧлен на федералното раководство на „Генерација Германија“, младинската организација на германската партија Алтернатива… Read more: Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“, присвои територија на 12 земји
- Тошковски: Ива Михајлова нелегално ја напуштила државатаМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека Ива Михајлова нелегално ја… Read more: Тошковски: Ива Михајлова нелегално ја напуштила државата
- Единаесет морнари исчезнати откако дрон потона брод покрај бугарскиот брегЕдинаесет морнари исчезнаа во вторник откако товарен брод беше потопен во напад со… Read more: Единаесет морнари исчезнати откако дрон потона брод покрај бугарскиот брег
- Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка од лични причиниЗаменик-министерот за здравство Јовица Андовски денеска поднесе оставка од функцијата, наведувајќи дека одлуката… Read more: Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка од лични причини
- Не е само колку спиете: REM спиењето е поврзано со помал ризик од 83 болестиОсвен должината на спиењето, за здравјето е важно и времето што го поминуваме… Read more: Не е само колку спиете: REM спиењето е поврзано со помал ризик од 83 болести
Општина Битола набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација, по цена од речиси 50.000 евра, односно 2.950.000 денари.
Иста машина е набавена и од Општина Велес по цена од околу 40.000 евра, односно 2.200.000 денари.
Иста машина, како што произлегува од документите во прилог, е купена од општина Центар по три пати пониска цена.
Општина Центар за машината платила 13.000 евра, односно точно 826.590 денари.
Разликата е огромна.
Прашањето е во чии џебови завршила разликата?
Рацете во медот е одлика за градоначалниците од ДПМНЕ и надлежните институции, Јавното обвинителство и ДКСК мора да постапат.
Одговорност за оваа шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има.
ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е партија на која не и се битни граѓаните, туку само личното богатење на одредена група луѓе.
Пронајдете не на следниве мрежи:



