Вработените во Комунален сервис Валандово земаат задоцнети плати и се жалат дека биле оставени без плата за празниците.
– Останавме без плата за празниците, а сѐ уште немаме земено ни октомвриска плата, велат вработени во претпријатието за Инфомакс, а истите разбирливо побараа да останат анонимни.
- Кој хороскопски знак е најтежок за освојување? Овие три не дозволуваат никој да им се приближиНекои луѓе се заљубуваат брзо и без премногу размислување, додека на други… Read more: Кој хороскопски знак е најтежок за освојување? Овие три не дозволуваат никој да им се приближи
- Кафето го стеснува жолчното кесе, луѓето со жолчни камења може да доживеат болкаИстражувањата покажаа дека шолја кафе може да предизвика контракции на жолчното кесе,… Read more: Кафето го стеснува жолчното кесе, луѓето со жолчни камења може да доживеат болка
- „Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз Иран по изборите во САДАдминистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира воен удар врз Иран по… Read more: „Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз Иран по изборите во САД
- Клое Кардашијан: Мојата идна партнерка мора да биде отворена за пластична хирургија и да верува во неаВо новата епизода од „Кардашијан“, која се емитуваше во четврток, Клое Кардашијан… Read more: Клое Кардашијан: Мојата идна партнерка мора да биде отворена за пластична хирургија и да верува во неа
- Џек Николсон повеќе нема да глуми: Тој целосно се повлече од јавностаЏек Николсон, добитник на три Оскари и еден од најголемите актери на… Read more: Џек Николсон повеќе нема да глуми: Тој целосно се повлече од јавноста
Зошто платите доцнат и во каква состојба е Комунален сервис Валандово одговори побаравме од в.д директорот Глигорије Џилвиџиев кој истакна дека вработените секој месец земаат плата, меѓутоа за неколку месеци нназад.
– Доцниме со плата, секоја плата е задоцнета по неколку дена и се создало момент кога сега во декември имаат земено плата за септември. Претходните пролонгирања прават проблеми, вработените секој месец земаат плата но за неколку месеци наназад, вели в.д директорот кој додаде ека откако е назначен на позицијата се труди да ја намали разликата, секој месец да има плата, но и да се подмират останатите трошоци на претпријатието.
– Имаме и останати трошоци, мораме да ги сервисираме граѓаните, а од друга страна не можеме да ги покачиме сметките за да не биде тоа дополнителен терет за граѓаните. Општината исто така ни помогна, минатата година добивме три милиони денари од Општина Валандово но и тие пари се распределени дел за плати, дел за останати тековни трошоци, вели директорот кој додава дека сметката на претпријатието не е блокирана поради добро менаџирање на средствата.
Комунален сервис Валандово, како што кажа и в.д директорот моментално има 40 редовно вработени и во зависност од потребите има и договори за дело. Лицата кои претходно биле ангажирани преку агенција за привремени вработувања потоа биле редовно вработени во претпријатието за да не се издвојуваат дополнителни средства за Агенција.
Пронајдете не на следниве мрежи:



