Лидерот на Левица и пратеник во Собранието Димитар Апасиев зборуваше за промената на Уставното име на Република Македонија и можноста за исправање на историската неправда. Според Апасиев, враќањето на државното име на Македонија е реалност која може да се достигне лесно, поради бројните нерегуларности при спроведувањето на процесот.
Процесот не беше добар, да беше процесот добар, тешко ќе беше да се врати. Да го потпишеше договорот „Преспански“ претседателот, да го потпишеше указот на Законот, да беше успешен референдумот, така ќе беше тешко. Вака на шверцерски процес, шверцерски го враќаме. Тоа е тоа. Тоа е стратегијата. Левица кога ќе дојде на власт, Левица ќе го врати името, Тоа е јасно!
Фантастика е промената, враќањето не е фантастика, враќањето е наука, политика. Они се изгрешија во чекорите, буквално се, цел процес е шверцерски, илегален. Од Римско право до денес „неправото не може да роди право“ и тоа е филозофијата. Ни 120 пратеници не можат да сменат народна волја. Референдумот е појак од уставот.
- Како да се справите со грчеви во нозете: Брза масажа ги опушта мускулитеДоколку сте забележале дека често добивате грчеви во нозете, не грижете се,… Read more: Како да се справите со грчеви во нозете: Брза масажа ги опушта мускулите
- Рано утрово извршено трето вонредно прскање против комарци низ Гази БабаУтрово во 03:00 часот завршија теренските активности за вонредно прскање против комарци… Read more: Рано утрово извршено трето вонредно прскање против комарци низ Гази Баба
- Сончево и топло време, попладне локален дождВремето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална… Read more: Сончево и топло време, попладне локален дожд
- Израелски пратеник со токмак сруши палестински споменикИзраелскиот пратеник од крајната десница, Зви Сукот, и неколку негови соработници вчера… Read more: Израелски пратеник со токмак сруши палестински споменик
- Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта: Дојдов во голем клубМакедонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на прес конференција во Бергамо официјално… Read more: Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта: Дојдов во голем клуб
Референдумот од 1991 не вика за северна Македонија, вика за Македонија. Од тука легален е референдумот и на небо и на земја додека не се промени со нов референдум. Таков немаме. Додека немаме Македонија е легалното име на оваа држава. Северна е дивоградба. Дајте ни власт и да видите како се враќа.
Пронајдете не на следниве мрежи:



