Извори од Демократската Унија за Интеграција за телевизијата Клан Македонија потврдија дека ниту пратениците на партијата на Али Ахмети нема да ги поддржат предлозите за министри во Техничката влада кои доаѓаат од ВМРО ДПМНЕ по предупредувањата на Христијан Мицковски дека неговата партија нема да гласа првиот албански премиер Талат Џафери и целиот состав на техничката влада, на крајот на јануари.
- Рано утрово извршено трето вонредно прскање против комарци низ Гази БабаУтрово во 03:00 часот завршија теренските активности за вонредно прскање против комарци на… Read more: Рано утрово извршено трето вонредно прскање против комарци низ Гази Баба
- Сончево и топло време, попладне локален дождВремето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.… Read more: Сончево и топло време, попладне локален дожд
- Израелски пратеник со токмак сруши палестински споменикИзраелскиот пратеник од крајната десница, Зви Сукот, и неколку негови соработници вчера наутро… Read more: Израелски пратеник со токмак сруши палестински споменик
- Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта: Дојдов во голем клубМакедонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на прес конференција во Бергамо официјално беше… Read more: Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта: Дојдов во голем клуб
- Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа производството на ракети за УкраинаУкраинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека Украина добила потврда од Велика Британија… Read more: Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа производството на ракети за Украина
Инаку, синоќа извори од СДСМ потврдија дека има политички договор, за составот на техничката Влада да биде доставен без имињата на кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите предлози за состав на техничката Влада ќе бидат доставени до Собранието, додека позициите што ВМРО-ДПМНЕ мора да ги предложи согласно законот ќе бидат празни, без имиња и презимиња. Не гледаме потреба да предлагаме, дури ни пратениците на СДСМ од парламентарното мнозинство, да гласаат за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ доколку самите не ги поддржат. Никаде во демократскиот свет нема пример некој да предлага министри или заменици и да не ги поддржи во текот на гласањето? Не се работи за политички игри. Техничката влада е законска обврска. Таа мора официјално да го предложи новиот технички премиер. Кога ќе бидат во ВМРО-ДПМНЕ спремни да ги поддржат, пред се, нивните предлози, тогаш може да бидат предложени и поддржани од пратениците на СДСМ.
Според изворите, ваквата одлука на СДСМ има поддршка од другите партии на власт, а доаѓа откако лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно изјавил дека неговата партија ќе учествува во техничката Влада, ќе предлага кандидати, но нема ги поддржат во Собранието, а воздржано ќе гласаат за избор на техничката Влада.
Пронајдете не на следниве мрежи:



