Премиерот Димитар Ковачевски денеска во изјава на настанот на осветувањето на водите на реката Вардар испрати порака до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека неговите министри нема да можат да учествуваат во техничката Влада доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаат и не дадат поддршка за техничката Влада.
Тој потенцираше дека никаде во свет не постои пример во кој политичка партија учествува во Влада, а за истата не дал поддршка.
- Научниците открија уште една загрижувачка последица од ултра-преработената хранаПо дебатата за тоа како нездравата храна за мозокот, како… Read more: Научниците открија уште една загрижувачка последица од ултра-преработената храна
- Пожар во индустриска зона во ОАЕ по напад со дрон од иранско производствоВластите на Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) соопштија дека во индустриската… Read more: Пожар во индустриска зона во ОАЕ по напад со дрон од иранско производство
- Летувајте во земјава ако ЕЕС е проблем, повика МицкоскиПо гужвите кои се прават со воведувањето на ЕЕС системот… Read more: Летувајте во земјава ако ЕЕС е проблем, повика Мицкоски
- Путин драматично ја зголеми личната безбедност: Неговите најблиски соработници се под надзор, интернетот е целосно забранет – ова се сите детали од разузнавачкиот извештајКремљ драматично ја зголеми личната безбедност околу претседателот Владимир Путин,… Read more: Путин драматично ја зголеми личната безбедност: Неговите најблиски соработници се под надзор, интернетот е целосно забранет – ова се сите детали од разузнавачкиот извештај
- Како кафето може да му помогне на вашето тело да се бори против ефектите од стареењетоНаучниците идентификуваа механизам преку кој соединенијата во кафето можат да… Read more: Како кафето може да му помогне на вашето тело да се бори против ефектите од стареењето
-Ако некој учествува во Влада, тоа значи дека таа Влада треба да се поддржи. Во светот не постои искуство и пример, да политичка партија учествува во Влада, а притоа да не ја поддржи таа Влада. Постојат примери во кои што политичка партија не учествува во Влада ама ја поддржува. Не постои пример да политичка партија земе учество во Владата ама не гласа за Владата. Затоа сметам дека ВМРО-ДПМНЕ соогласно Закон исто како сите други политички партии кои се повикани да имаат министри во техничката Влада треба ги даде своите кандидати и да гласа за таа Влада. Доколку ВМРО-ДПМНЕ реши да не гласа за таа Влада тогаш сметам дека тие места треба да останат празни, мандатарот да предложи Влада во која тие мести ќе бидат празни и во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе реши да ја поддржи Владата тогаш наредниот ден ќе може мандатарот да предложи и во истиот ден да се изгласаат министрите кои што на нив им следуваат, вели Ковачевски.
Ковачевски одговори и најавите на Мицкоски дека неговите министри во техничката Влада нема да присуствуваат на седниците на Влада.
-Да не се присуствува на седници на Влада во Владата во која што сте член, не можам да го коментирам, истакна Ковачевски.
Пронајдете не на следниве мрежи:



