Одделението за внатрешни работи Кочани, до Основно јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против С.З.(35) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, во својство на вршител на должноста директор на средно општинско училиште во Кочани, во април 2023 година, спротивно на член 40 став 1 од Законот за јавни набавки, за патување на тим од училиштето на Светското првенство по роботика во Мароко, без да спроведе постапка за јавна набавка, ангажирал туристичката агенција и за услугите ѝ исплатил износ од 296.960 денари и на тој начин овозможил да оствари противправна имотна корист во износ од 296.960 денари.
- САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ ОД САУДИСКА АРАБИЈА: Ракетни напади врз аеродромите, Вашингтон предупредува на нагла ескалацијаАмериканскиот Стејт департмент наредил повлекување на дипломатскиот персонал кој не извршува… Read more: САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ ОД САУДИСКА АРАБИЈА: Ракетни напади врз аеродромите, Вашингтон предупредува на нагла ескалација
- (Фото) Меџити: Розовиот октомври нè обединува во солидарност, грижата за здравјето на жените е секојдневна одговорностОпштина Чаир организираше посебна вечер посветена на Розовиот октомври, меѓународниот месец… Read more: (Фото) Меџити: Розовиот октомври нè обединува во солидарност, грижата за здравјето на жените е секојдневна одговорност
- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на ВучиќПотпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна странка (СНС), Ана Брнабиќ,… Read more: Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би имал разорно влијание на меѓународните берзи за гасШефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди дека ако Израел повторно… Read more: Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би имал разорно влијание на меѓународните берзи за гас
- Нетанјаху тврди дека „арапските партии ги украле изборите“: Тој нуди пликови со пари како доказПартијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврди дека арапските партии… Read more: Нетанјаху тврди дека „арапските партии ги украле изборите“: Тој нуди пликови со пари како доказ
Исто така, пријавениот, за учеството на тимот на училиштето на светскиот натпревар, без претходно донесена одлука за ребаланс на буџетот од страна на училишниот одбор, за оваа намена од сопствената сметка на училиштето исплатил 735.214 денари, односно 107.714 денари повеќе од прибраните по пат на донации.
Со ваквото дејствие, пријавениот постапил спротивно на член 89-а од Законот за средно образование и член 114 од Статутот на училиштето, со што го оштетил буџетот на средното училиште за износ од 107.714 денари.
Пронајдете не на следниве мрежи:



