Еден Исланѓанец ги опиша тешкотиите низ кои поминува бидејќи во неговата област паднала голема количина снег.
„Наутро сакате да излезете од дома, а живеете на Исланд“, рече тој во урнебесното видео кое за краток период беше прегледано повеќе од три милиони пати.
Снимил бела покривка која влетала во куќата штом ја отворил вратата, а за да излезе прво морал да посегне по лопата.
@66north Icelandic winter > #iceland #winter #winteraesthetic #fyp #cold #snowaesthetic #snow #relatable ♬ original sound – 𝐂𝐨𝐬𝐦𝐢𝐜 𝐫𝐚𝐝𝐢𝐨
По некое време успеал да го исчисти преминот, но морал да се искачи на куп снег за да ја напушти куќата.
Многу корисници не беа изненадени од ситуацијата, а еден напиша: „На крајот на краиштата, земјата се вика Исланд (Исланд – земја на мразот), така што ова е нормално.
Други биле шокирани од глетката и прашале дали некој мора да оди на работа во такви временски услови.
Имаше и хумористични коментари, па една личност предложи: „За секој случај треба да имате врата на првиот кат од куќата“.
Пронајдете не на следниве мрежи:



