Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги соопшти точните датуми на седниците за оставки и избор на техничка влада. Во согласност со премиерот определивме рамковни рокови кои почнуваат од утре за поднесување оставки и закажување седница за констатирање на оставките, потврди Џафери.
- ЕУ СЕ ОТКАЖУВА ОД ИДЕЈАТА КАНАДА ДА СТАНЕ ПРИДРУЖНА ЧЛЕНКА: Брисел подготвува нов модел на соработка со ОтаваЕвропската Унија се откажала од идејата на Канада да ѝ понуди статус на… Read more: ЕУ СЕ ОТКАЖУВА ОД ИДЕЈАТА КАНАДА ДА СТАНЕ ПРИДРУЖНА ЧЛЕНКА: Брисел подготвува нов модел на соработка со Отава
- Терористичкиот напад врз израелската амбасада во Белград го изврши Дарио Николиќ (18), чие семејство претходно го пријави како исчезнатОсумнаесетгодишниот Дарио Николиќ од Бела Река кај Шабац е осомничен за терористичкиот напад… Read more: Терористичкиот напад врз израелската амбасада во Белград го изврши Дарио Николиќ (18), чие семејство претходно го пријави како исчезнат
- Сакате да го намалите холестеролот? Пет едноставни вечерни навики можат да ви помогнатОдржувањето на здраво ниво на холестерол не е само прашање на исхрана, туку… Read more: Сакате да го намалите холестеролот? Пет едноставни вечерни навики можат да ви помогнат
- Стојна од Кратово повторно приведена: скопјани ја пријавиле дека се обидела да им наплати влезници на „Куклица“ и им се заканувалаПолицијата повторно ја приведе 41-годишната Стојна Димитровска од Кратово, откако двајца посетители пријавиле… Read more: Стојна од Кратово повторно приведена: скопјани ја пријавиле дека се обидела да им наплати влезници на „Куклица“ и им се заканувала
- УЛТИМАТУМ ОД ВАШИНГТОН ДО ТЕХЕРАН: САД бараат Иран да го предаде збогатениот ураниум – Техеран категорично одбива!Соединетите Американски Држави испратиле ново, остро предупредување до Иран, поставувајќи три клучни услови… Read more: УЛТИМАТУМ ОД ВАШИНГТОН ДО ТЕХЕРАН: САД бараат Иран да го предаде збогатениот ураниум – Техеран категорично одбива!
„За 26 овој месец се отвара патот за почнување на процедурите за избор на нов претседател на собранието, определување мандатар потоа и две последователни седници“, вели Џафери.
Според договореното утре почнува процесот со оставка на премиерот, а на седницата закажана за 26 јануари, овие оставки ќе се констатираат по што се известува претседателот на државата дека владата е во оставка.
Предлог програма и состав на влада треба да се достави на 27 до собранието и на 28 на седница да биде на дневен ред избор на техничка влада. Во исто време на 28 ќе се извести ДИК за престанок на мандат на пратеник од И.Е 5. Потоа следи достава на предлог програма и имиња на министри и заменици министри. Џафери очекува дека на истата седница да биде и изборот.
Составот на влада мора да е целосен за да стапи на сила преодната влада 100 дена пред изборите.
Активностите во Собранието започнуваат со констатирање на оставките на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието, изборот на новиот претседател на Собранието, Јован Митрески, потоа известувањето на претседателот на државата за доделувањето на мандатот на новиот премиер, изборната влада, министрите, замениците министри и дополнителните заменици министри, како и изјавата за престанок на мандатот на Пратеник и верификацијата на мандатот на новиот пратеник во ИЕ 5.
Македонија до недела на полноќ (28 јануари) треба да има трета преодна влада на чело со Џафери.
Партијата ВМРО-ДПМНЕ потврди дека вечерва по партискиот Извршен комитет ќе ги соопшти имињата на техничките министри за внатрешни работи, за труд и социјална политика и за дополнителни министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство.
Талат Џафери, на прашање дали владата ќе биде комплетна со предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека ако достават имиња, да, бидејќи така налага законот.
„Владата ќе биде во склад на Уставот и законот. Ако има предлози од ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе бидат во техничката Влада“, рече Џафери
Техничката влада се избира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, а две недели порано, на 24 април, ќе се одржат и претседателските избори.
Пронајдете не на следниве мрежи:



