До политичката партија Левица од страна на загрижени граѓани пристигнаа информации дека на јавна институција (Државен инспекторат) истакнато е само албанското знаме, без државното знаме, соопшти Левица и нагласува дека е опасен милкот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Иако овој иредентистички чин на сецесионистот Билал Касами е во директна спротивност со Уставот и Законот за употреба на знамињата на заедниците, јавноста со години е сведок како институциите не постапуваат пред ваквото флагрантно понижување на државните симболи!
- Сакате да го намалите холестеролот? Пет едноставни вечерни навики можат да ви помогнатОдржувањето на здраво ниво на холестерол не е само прашање на… Read more: Сакате да го намалите холестеролот? Пет едноставни вечерни навики можат да ви помогнат
- Стојна од Кратово повторно приведена: скопјани ја пријавиле дека се обидела да им наплати влезници на „Куклица“ и им се заканувалаПолицијата повторно ја приведе 41-годишната Стојна Димитровска од Кратово, откако двајца… Read more: Стојна од Кратово повторно приведена: скопјани ја пријавиле дека се обидела да им наплати влезници на „Куклица“ и им се заканувала
- УЛТИМАТУМ ОД ВАШИНГТОН ДО ТЕХЕРАН: САД бараат Иран да го предаде збогатениот ураниум – Техеран категорично одбива!Соединетите Американски Држави испратиле ново, остро предупредување до Иран, поставувајќи три… Read more: УЛТИМАТУМ ОД ВАШИНГТОН ДО ТЕХЕРАН: САД бараат Иран да го предаде збогатениот ураниум – Техеран категорично одбива!
- Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во МакедонијаМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски изминатите денови престојуваше во работна… Read more: Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
- 6.000 административци, од привремено, добиваат вработување на неопределено време со предложениот законОколу 6.000 административци место привремено ќе добијат вработување на неопределено време… Read more: 6.000 административци, од привремено, добиваат вработување на неопределено време со предложениот закон
Односно, Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, децидно предвидува дека при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија. Истакнувањето само на албанското знаме, освен што ги подгрева меѓуетничките тензии, претставува грубо прекршување на Уставот и на горенаведените закони.
Опасен е молкот на ДПМНЕ пред континуираниот иредентизам на нивниот коалиционен партнер Касами, со кој го сочинуваат мнозинството во Советот на општина Тетово. Јавно прашуваме дали ДПМНЕ го толерира анти-македонизмот на Касами заради секретарското место во општината и директорите на јавните претпријатија, кои ги добија ДПМНЕ заради поддршката на Касами?!
Левица алармира дека целото делување на Касами претставува опасен удар кон унитарноста на Републиката, што се надоврзува на неговата изјава дека Македонија ќе стане трета албанска држава“, се вели во соопштението на Левица.
Пронајдете не на следниве мрежи:



