ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри, велат СДСМ во партиско соопштение.
– Дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се поранешни функционери во град Скопје а дел се кадри од времето на Груевски.
Но, ниту еден нема зад себе некаков резултат. Напротив.
- Трогателната исповед на сестрата на Метју Пери; Откриени претходно непознати детали од погребот: „Колку е ова ужасно“Сестрата на актерот Метју Пери, познат по улогата на Чендлер Бинг во… Read more: Трогателната исповед на сестрата на Метју Пери; Откриени претходно непознати детали од погребот: „Колку е ова ужасно“
- Кина ја плаќа цената на недостигот од гасТечниот природен гас (LNG) моментално ја чини Кина повеќе од природниот гас… Read more: Кина ја плаќа цената на недостигот од гас
- Путин ѝ порача на Европа: „Кој копа дупка за друг, самиот паѓа во неа“Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека улогата на природниот гас во… Read more: Путин ѝ порача на Европа: „Кој копа дупка за друг, самиот паѓа во неа“
- Дронови погодија брод во близина на бугарскиот брегКонтејнерскиот брод CONTSHIP JET, кој пловел под либериско знаме, бил погоден додека… Read more: Дронови погодија брод во близина на бугарскиот брег
- Доаѓа неверојатен пресврт: 2 хороскопски знаци добиваат вести што им го менуваат животот од коренЕсента пристигна, а со неа и силна космичка енергија која не толерира… Read more: Доаѓа неверојатен пресврт: 2 хороскопски знаци добиваат вести што им го менуваат животот од корен
Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и советник во општината. Беше назначен за генерален секретар на Град Скопје а потоа и разрешен.
Стефан Андоновски е исто така советник во Советот на Град Скопје. Хаосот што се случува во Скопје најавува што може да се очекува од ваквите кадри на Мицкоски во техничката Влада.
Елена Петрова е вработена во УЈП, позната е меѓу колегите по тоа што додека била на раководно место се вработила во УЈП и нејзината сестра.
Панче Тошковски е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник.
Во отуство на професинален кадар, кој ја познава работата на МВР, очигледно личните релации се единствен критериум за неговиот избор.
Цветан Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ДПМНЕ и доказ дека во оваа партија ништо не се менува.
Трипуновски како кадар на Груевски ги поддржуваше погубните политики на ДПМНЕ во земјоделството. Беше организатор на лажните протести а има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност.
Почитувани граѓани,
Заклучокот е едноставен: ДПМНЕ нема никаква програмска понуда а сега уште еднаш потврди дека нема ниту кадровски потенцијал.
Бидејќи Мицкоски најави вчера дека работата на техничката Влада планира да биде хорор му порачуваме:
Неговиот обид за хорор ќе биде поразен а на 8-ми мај заедно со граѓаните ќе го поразиме целиот хорор на ДПМНЕ! – велат од СДСМ.
Пронајдете не на следниве мрежи:



