Училиштата во Тетово и Гостивар бележат сѐ помал број ученици. Причината за тоа, како што може да се претпостави е заминувањето во странство. Податоците на општина Тетово покажуваат дека во 2023 година исписници побарале околу 160 ученици, главно од основните училишта, објавува ТВ 21.
„Доста загрижувачки е бројот на исписници од средните и основните училишта. Од основните училишта имаме некаде околу 128, а од средните околу 31 исписница. За секој ден кога има пријавување, имаме сѐ помалку ученици, особено во основните, но и во средните училишта резултатот е ист“, порача Бесарта Рамадани.
- Песков: Путин и Трамп не разговарале за Орбан како кандидат за генерален секретар на ОНПретседателите на Русија и на Соединетите Американски Држави, Владимир Путин… Read more: Песков: Путин и Трамп не разговарале за Орбан како кандидат за генерален секретар на ОН
- Бен Афлек за смртта на неговата мајка: Ми недостига секој ден, таа ги зеде работите во свои рацеАмериканскиот актер Бен Афлек откри нови детали за тоа како… Read more: Бен Афлек за смртта на неговата мајка: Ми недостига секој ден, таа ги зеде работите во свои раце
- ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски, па СДС објавува неразбирливи содржиниОчигледно вечерва во СДС на смена е Фрчковски, па објавуваат… Read more: ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски, па СДС објавува неразбирливи содржини
- Поефективно презентирање на доказите и зголемена транспарентност – ОБСЕ позитивно го оценува обвинителството во постапките за организиран криминал и корупцијаЈавното обвинителство дополнително ги надградува добрите практики за редовна комуникација… Read more: Поефективно презентирање на доказите и зголемена транспарентност – ОБСЕ позитивно го оценува обвинителството во постапките за организиран криминал и корупција
- Ѓоковиќ воодушевен од победата на студентите во Србија: „Притисокот беше ненормален“Новак Ѓоковиќ за првпат се огласи по изборната победа на… Read more: Ѓоковиќ воодушевен од победата на студентите во Србија: „Притисокот беше ненормален“
Во Гостивар пак состојбата е уште позагрижувачка. За само едно полугодие биле побарани околу 200 исписници. И тука во поголем број станува збор за основци.
„Од почетокот на полугодието во 2023 година па до крајот на годината бројката е околу 200 од средните и основните училишта. Секако дека оваа голема бројка нѐ засега, но не можеме да го запреме иселувањето бидејќи тие ги земаат деца, членови на семејството и се селат. Ние се трудиме да создадеме што повеќе услови во училиштата и да ги реновираме, но тие си одат од многу причини. Ова е моменталната состојба во општина Гостивар“, порача Аслиан Снопче.
И додека основните училишта се празнат, бројот на децата во градинките бележи пораст. Ова го покажуваат статистичките податоци на Секторот за образование во Гостивар.
„Во текот на последните 6 години откако го преземавме општината, го удвоивме бројот, значи од 450 на 867 деца“, вели Аслиан Снопче.
Во тетовските и гостиварските планински села има училишта со по 2-3 ученици. Поради тоа општините се принудени да ги спојуваат паралелките со цел училиштата да не се затворат и наставниците да не останат без работа, вели ТВ 21 во својот прилог.
Пронајдете не на следниве мрежи:



