– Заменичката на косовскиот премиер и министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала, која престојува во работна посета на Германија, разговараше со сојузниот министер за одбрана на Германија, Борис Пистрориус.
Клучни теми на нивниот состанок беа соработката на двете земји во зачувувањето на безбедноста и стабилноста во регионот, усогласувањето на одбранбената и безбедносната политика и интеграцијата на Косово во НАТО, соопшти косовското МНР.
- Шокантна судска одлука во Германија: Фејсбук и Инстаграм мора да платат за лажни рекламиДобро познат портал доби спор против гигантот, Мета беше принудена да плати отштета… Read more: Шокантна судска одлука во Германија: Фејсбук и Инстаграм мора да платат за лажни реклами
- Најскапото лице на светот: Крис Џенер ги покажа најновите резултати од фејслифтинг од 100.000 долари Крис Џенер, во придружба на нејзиниот долгогодишен партнер Кори Гембл, присуствуваше на свечен… Read more: Најскапото лице на светот: Крис Џенер ги покажа најновите резултати од фејслифтинг од 100.000 долари
- Четири милиони денари финансиска поддршка за спортските клубови во Општина БутелОпштина Бутел денеска додели финансиски средства во износ од 4 милиони денари, за… Read more: Четири милиони денари финансиска поддршка за спортските клубови во Општина Бутел
- Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денариПросечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули изнесуваше 48.499 денари, објави Државниот… Read more: Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари
- (Видео) СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделцитеПо средбите со стотици земјоделци низ државата и врз основа на нивните реални… Read more: (Видео) СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците
Министерката Гервала го известила Писториус за безбедносната ситуација во Косово и во регионот, за континуираните заканувачки акции на Србите и за потребата од преземање брзи и одлучни чекори за зачувување на кревкиот мир во регионот. Таа побара зголемување и јакнење на улогата на Германија во регионот.
Гервала му се заблагодари на германскиот министер за одбрана за соработката во областа на безбедноста, особено за големата поддршка што Германија ја дава во изградбата на капацитетите на Косовските безбедносни сили, како и за долгогодишниот придонес на Германската воена мисија во рамките на НАТО на Косово (КФОР).
Во соопштението се наведува дека овој состанок е одржан пред посетата на германскиот министер за одбрана Писториус на Косово.
Пронајдете не на следниве мрежи:


