Агелер на средбата со Бубевски: Ја изразив нашата поддршка за независнo обвинителствo

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер денеска остварила средба со шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски.

Како што информираат од Амбасадата на САД во Скопје на социјалните мрежи, Агелер на средбата со Бубевски ја изразила поддршката за независното обвинителство.

„Ја изразив нашата поддршка за независното обвинителство, кое е клучно за унапредување на владеењето на правото и евроатлантските интеграции на Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат правда и непристрасно одлучување, потенцирала амбасадорката Агелер“, се посочува во објавата на американската амбасада.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.