Се појави видео како Новак си ја кине кошулата во тоалетот, а потоа…

На социјалните мрежи се појави необично видео, а во центарот на вниманието се најде Новак Ѓоковиќ .

Имено, видеото започнува како Ѓоковиќ рика и ја кине кошулата во тоалетот, а потоа открива дека сето тоа било наместено.

Инаку, во споменатиот клип ѕвездите од светот на тенисот зборуваат за тоа дека во тенисот се е наместено. Секако, се работи за шега, по примерот на оние што ги прават НБА и НФЛ, во кои се шегуваат дека за се има сценарио пред секоја сезона, и дека се е смислено и наместено.

View this post on Instagram A post shared by ATP Tour (@atptour)

Сега тоа го направи АТП, во соработка со „Тенис ТВ“. Во споменатото видео Новак е претставен како „Берт Кричли“, актерот кој всушност го игра Ѓоковиќ.

– Јас сум дел од ова шоу веќе 16, 17 години, или АТП сезони, како што ги нарекуваме. Нешто што се обидувам да го направам со овој лик на Новак Ѓоковиќ во серијата не е само игри и достигнувања, туку да создадам посебен лик, посебна личност. Се обидувам да ги натерам луѓето да се поврзат со него, да ја кажат вистината за него. Што мисли, што чувствува, што го мотивира… дека е вистинска личност. Не е лесно, но ја врши работата – вели Новак во видеото.

Пронајдете не на следниве мрежи: