Каков ребус решава Барукело со делото „Доблест во нужност“ ексклузивно изложено за 60. роденден на МСУ






За 60- годишнината од основањето на МСУ се изложува дело од колекцијата по доста долго време.  Делото на Барукело е значајно во развојот на овој автор, исто како што и овој уметник е значаен за развојот на современата мисла на уметноста, заедно со својот пријател, колега и долгогодишен соработник големиот Марсел Дишан.

Барукело – сликар, поет, скулптор, видео перформанс уметник има специфична апстракција, видлива и во делото „Доблест во нужност“ од 1963 и оттогаш дел од музејската колекција на МСУ. Тој има свој јазик, неорганизиран, скоро автоматски од неговата потсвест, кој како поет го анализира конструктот на зборот наспроти визуелната авторефлексивност. Секое ново дело е нова анализа на некој внатрешен мисловен процес.

Уметникот е познат по тоа што секое негово дело е како решавање на ребус. Каков ребус решава со тоа?

Секое дело, „Ребусот“ на Барукело е во мисловниот процес на јазикот, како јазикот се формира и како тоа може да се транскрибира на визуелен начин, со симболи, зборови, знаци на платното…соработката со Џон Кејџ во Њујорк, доволно говори за овие трагачи на алхемизирање на звукот со бојата, со емоциите и мислите…Овие уметници се смели да експериментираат и да кршат, со цел да откријат нови правила, притоа познавајќи ги повеќеродните типови на академско уметничко изразување.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: