петок, 13 ноември 2026
Најново

Израел: Силите на Хамас се преполовени: „Убиени се повеќе од 12.000 терористи“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Портпаролот на Владата на Израел во понеделникот изјави дека војната во Појасот Газа ги преполовила борбените сили на Хамас, со повеќе од 12.000 вооружени членови убиени и многу ранети или заробени.

„Зборуваме за три четвртини од баталјоните на Хамас кои се разбиени…, повеќе од 12.000 терористи кои се убиени“, откри Ејлон Леви на брифингот со новинарите.

„Кога ќе се земе предвид бројот на терористи кои се ранети или уапсени, повеќе од половина од борбените сили на Хамас се онеспособени“, тврди портпаролот на Владата на Израел.

Поврзани вести