петок, 13 ноември 2026
Најново

Американскиот конгресмен Тарнер тврди дека има сериозни закани за националната безбедност на САД

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај





ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Претседателот на Комитетот за разузнавачки прашања на Конгресот на САД, Мајк Тарнер денеска соопшти дека има информации за сериозна закана за националната безбедност на САД.

Тарнер денеска испрати е-пошта до членовите на Конгресот, велејќи дека неговиот комитет има итни и доверливи информации за „дестабилизирачки странски воени капацитети“.

Републиканскиот конгресмен не даде повеќе детали за наводната закана.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан им изјави на новинарите во Белата куќа дека в четврток ќе се сретне со Тарнер и со уште неколку конгресмени задолжени за разузнавање, но тој не даде никакви детали за наводите на Тарнер.

– Реклама –








Поврзани вести