петок, 13 ноември 2026
Најново

Путин: За Русија е подобро Бајден да биде претседател на САД

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека изборната кампања во Соединетите Американски Држави зема замав и добива акутни форми и дека за Руската Федерација, од можните кандидати за претседател на САД – Џозеф Бајден и Доналд Трамп, тоа е подобро за претседател да биде Бајден бидејќи „тој е поискусен и попредвидлив“.

„Бајден. Тој е поискусна личност. Предвидлив е. Тој е политичар со силна формација“, рече Путин, пренесува РИА Новости.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Постои само една работа, НАТО е инструмент на американската надворешна политика. Но, ако САД веруваат дека не им треба овој инструмент, тоа е нивна одлука“, рече Путин.

Путин, запрашан да ја коментира здравствената состојба на Бајден, рече дека нема право да ја коментира здравствената состојба на американскиот претседател, бидејќи тој „не е лекар“.

Поврзани вести