Професорката Билјана Ванковска која е кандидат за шеф на државата на предлог на политичката партија Левица вели дека Мицкоски нема демократски капацитет.
– И верувате дека овој човек има демократски капацитет? Ќе глумат народ и сите останати ги третира како “опозиција на опозицијата” (т.е. сака неприкосновена и апсолутна власт).
Нема проблем, ќе излеземе на мегдан, но без лицемерие и подметнувања. Пред пет години ние сите, заедно со Левица, ја поддржавме нејзината кандидатура. Но, Мицкоски сака да доминира и да биде месија (еден видовме каде заврши).
Вака не се гради национално единство со медиумска стигматизација и политички дисквалификации.
Матрицата останала иста, џабе конвенции, џабе потписи. – напиша Ванковска на Фејсбук.