Вчера (27 февруари) во 16 часот и 45 минути на улица „29 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Х.М.(27), Х.М.(29) и Т.Е.(30), сите од скопско, кои претходно биле пријавени од 52-годишниот гостиварец Х.И. дека во неговиот локал во Гостивар му се заканувале и дека едниот од нив и физички го нападнал поради нерасчистени должничко – доверителски односи со 48-годишниот гостиварец Б.С..
Пријавените се задржани во Полициската станица Гостивар и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира полицијата.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ