– Апелацискиот суд ја укина одлуката на Вишиот суд во Подгорица од 20 февруари, со која се дозволи екстрадиција на „кралот на криптовалутите“ До Квон во САД, но ја одби неговата екстрадиција во Јужна Кореја.Советот на Апелацискиот суд оцени дека одлуката на Вишиот суд „е зафатена со значителни повреди на одредбите од кривичната постапка од член 386 став 1 точки 8 и 9 од ЗКП, бидејќи не постојат јасни и валидни причини за одлучените факти по прашањето за редоследот на пристигнување на претставките“, пишуваат „Вијести“.Предметот е вратен во првостепениот суд на повторно одлучување.Со првостепената одлука на Вишиот суд е дозволена скратена екстрадиција на државјанинот До Квон, поради кривично гонење за повеќе кривични дела по барање на САД, додека е одбиена екстрадиција на До Квон во скратена постапка по барање на Јужна Кореја.
Пронајдете не на следниве мрежи: