Променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд


Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од -3 до 5 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 5 до 14 степени

Променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд – вакво време, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нè очекува денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од -3 до 5 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 5 до 14 степени.

Времето во Скопје ќе биде промелниво облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални 4 до максимални 14 степени.

За утре, УХМР прогнозира променливо облачно време со слаб локален дожд, а на планините на северозапад и слаби врнежи од снег. Слично време се очекува и за вториот ден од викендот.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: