Американскиот претседател Џо Бајден нареди итна воена помош од 300 милиони долари за Украина во момент Конгресот продолжува да блокира многу поголем пакет помош, соопшти денеска Белата куќа.
Денеска, во име на претседателот Бајден, објавувам итен пакет безбедносна помош и оружје и опрема во вредност од 300 милиони долари за да се решат некои од итните потреби на Украина, изјави на брифинг советникот за национална безбедност Џејк Саливан.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.